МАКЕДОНИЈА

Засилени сообраќајни контроли во Скопје: 180 санкции за еден ден

05 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Секторот за внатрешни работи Скопје продолжи со засилените сообраќајни контроли на територијата на градот. Во текот на вчерашниот ден, 4 јуни 2025 година, беа изречени вкупно 180 мерки за различни прекршоци во сообраќајот.

Од вкупниот број, најголем дел – 90 санкции – се однесуваат на непрописно паркирање. Покрај тоа, полицијата изрече 15 казни за прекршоци направени од возачи на мотоцикли, како и девет санкции за управување возило без возачка дозвола.

Контролите откриле и 10 случаи на користење мобилен телефон за време на возење, 15 прекршоци поради некористење сигурносен појас, шест мерки за несовесно однесување на пешаци и пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Надлежните најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови. Од СВР Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста на патиштата и создавање побезбедна сообраќајна средина за сите учесници.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени