07 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Како што објави порталот „Рома Прес“, засега нема официјална потврда дали станува збор исклучиво за информативен разговор или, пак, против нив ќе биде поведена итна постапка и ќе следуваат соодветни санкции.
Случајот предизвика внимание во јавноста поради сериозноста на заканите, а институциите најавуваат дека ќе постапуваат согласно законските надлежности.
Претходно, Рафет и Феим Мемишовски јавно се извинија до целиот државен врв за своите изјави, наведувајќи дека жалат за стореното и за вознемирувањето што го предизвикале.
Надлежните органи се очекува во наредниот период да донесат одлука за понатамошните чекори во врска со овој случај.Двајцата учесници на неодамнешниот протест во Битола, Рафет Мемишовски и Феим Мемишовски, се повикани на информативен разговор во Министерството за внатрешни работи поради закани упатени кон полицијата.
Возачите на ЈСП ќе ги плаќаат казните од свој џеб за сообраќајни прекршоци
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

