29 мај 2025
• од Вардарски
Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците алармираа дека пет месеци немаат добиено плата, што ги довело до состојба на социјална несигурност и сериозно нарушување на нивните основни човекови права. На денешната прес-конференција тие јавно побараа средба со премиерот, министерката за финансии, министерот за правда и претседателот на Собранието, со цел да се изнајде решение за нивната тешка состојба.
Според нивните изјави, покрај неплатените плати, 17-те вработени се оставени и без здравствено и пензиско осигурување, што дополнително ги загрозува нив и нивните семејства.
„Ова не е само финансиски проблем. Ова е систематско кршење на уставните и човековите права. Според член 32 од Уставот, секој вработен има право на соодветна заработувачка. Половина година ние работиме без надомест. Тоа е понижување и потценување на трудот и достоинството на секој работник“, изјави Фитим Рамадани, виш инспектор во Инспекторатот.
Рамадани истакна дека нивните барања се јасни и легитимни: итна исплата на заостанатите плати, повторно активирање на здравственото и пензиското осигурување, и обезбедување на трајно решение за нормално функционирање на Инспекторатот.
Тој апелираше до премиерот и останатите надлежни да најдат законски механизам за решавање на овој проблем и подвлече дека нивната борба нема политичка позадина, туку е насочена исклучиво кон обезбедување на основните работнички права.
На новинарско прашање дали имале некаков контакт со Владата, Рамадани одговори дека испратиле писмено барање за средба, но досега не добиле никаков одговор. Тој најави дека, доколку останат игнорирани, следниот чекор може да биде организирање протест.
Вработените остануваат решителни во својата борба за правда и достоинство, апелирајќи институциите конечно да покажат одговорност.
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници
Проф. Стефан Дечев: Пиринска Македонија е единствениот слободен македонски краj