27 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Неколку македонски државјани кои живеат во странство добивале државна помош незаконски, а за тоа се поднесени кривични пријави против седум вработени во Центарот за вработување во Струмица.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Секторот за внатрешни работи Струмица поднел кривична пријава против Р.К. (62), Ж.Д. (56), Е.Д. (42), Ж.К. (67), З.Ј. (56), Ј.Т. (45) и Р.А. (55), сите вработени во Центарот за вработување во Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Во периодот од 2021 до 2025 година, пријавените службеници во системот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија евидентирале македонски државјани како активни баратели на работа, иако тие се наоѓале во странство. Со тоа постапиле спротивно на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.
Како резултат, лицата кои престојувале во странство продолжиле да ја користат и гарантираната минимална помош, која требало да биде укината, со што на државниот буџет му е нанесена штета во износ од 333.968 денари.