12 јуни 2025
• од Тодор Вангелов
Во 2024 година во Северна Македонија биле родени 16.061 новороденче, што претставува рекордно низок број на живородени деца во последната деценија, соопшти денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Оваа бројка претставува пад од над 7.000 новороденчиња во споредба со 2015 година, кога биле евидентирани 23.075 живородени деца. Според податоците на ДЗС, трендот на опаѓање на наталитетот трае веќе десет години, без прекин, а минатата година ја бележи најниската точка досега.
„Бројот на живородените деца во 2024 година е намален за четири проценти во споредба со претходната година“, информираат од Заводот.
Намалувањето на наталитетот се смета за сериозен демографски предизвик, кој може да има долгорочни последици врз економијата, работната сила и одржливоста на пензискиот систем. Експертите повикуваат на итни политики за поддршка на младите семејства и зголемување на мотивацијата за родителство.
Демографската состојба во земјава сè повеќе се наметнува како приоритетно прашање, а последните податоци се нов поттик за јавна расправа и преземање на системски мерки.