24 мај 2026
• од Темелко Тошев
„ДУИ е последната партија што може да зборува за српско влијание. Тоа се луѓето кои го донесоа Отворен Балкан во Северна Македонија, проект кој му служеше на Вучиќ, го заобиколи Косово и се обиде српската доминација во регионот да ја продаде како „економска соработка““, велат од коалицијата ВЛЕН.
Од партијата посочуваат дека е крајно лицемерно ДУИ да ја напаѓа ВЛЕН со неосновани обвинувања, додека јавноста, како што велат, треба да ги знае блиските врски на високи функционери на ДУИ со организаторите на просрпски собири.
Во реакцијата на ВЛЕН се поставуваат директни прашања до раководството на ДУИ во врска со Владимир Стајиќ, почесниот конзул кој се поврзува со организацијата на собирот за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ во Куманово.
„Затоа, наместо да прават политички циркус со обвинувања кон ВЛЕН, ДУИ нека ги запре хистериите и јавно нека одговори за своите политички врски и пријателства со луѓе како Владимир Стајиќ. Нека им кажат на Албанците кој е овој човек, зошто е пријател на Бујар Османи и што бара кругот на ДУИ во близина на организаторите на просрпските собири“, се вели во соопштението.
Од ВЛЕН порачуваат дека нема да примаат лекции од партија која, како што велат, патриотизмот го претворила во семеен бизнис, а албанштината во параван за политички пазарења.
„Кога имаат власт, прават пазарења. Кога ја губат власта, креваат хистерија дека „албанштината е загрозена“. Ние сме против секое српско влијание и против секој обид Северна Македонија да се оддалечи од евроатлантскиот пат. Но, исто така, бевме и остануваме против дволичноста на ДУИ, која преку ден се продаваше како патриотска, а навечер правеше политички пазарења на штета на Албанците“, посочуваат од партијата.
Во заклучокот на својата реакција, од ВЛЕН потсетуваат на улогата на ДУИ во регионалните иницијативи:
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

