13 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Стопанственикот и експерт-консултант во Меѓународната асоцијација на подкастот „Почетна пресметка“, Влатко Нацевски, смета дека прашањето за Илинден и историските личности како Гоце Делчев не треба да биде точка на раздор меѓу Македонија и Бугарија, туку основа за рационален дијалог и заедничка иднина.
Според Нацевски, прашањето зошто Илинден не се доживува како заеднички историски момент произлегува од различните интерпретации што се развиле низ децениите. Во двете држави се учела различна историја, обликувана од современите национални наративи, па секоја страна тежнее да ја наметне сопствената вистина како единствено исправна.
„Ако бидеме заложници на историјата, ќе ја изгубиме иднината“, посочува Нацевски. Тој предупредува дека историјата често се користи како алатка за политичка мобилизација на јавноста, наместо како средство за градење заемно разбирање.
Како пример за историска личност што предизвикува поделби, Нацевски го наведува Гоце Делчев. Според него, револуционерите од тоа време имале заедничка цел – ослободување од Отоманската империја, без денешните строги национални рамки.
Нацевски споделува и личен семеен пример: неговиот прадедо Борис живеел и работел во Софија и бил финансиски поддржувач на ВМРО. Во тој историски контекст, организацијата била силен револуционерен фактор, а дури и бугарскиот двор гледал со претпазливост кон нејзината моќ. Но, нивната суштинска цел била протерување на Отоманската власт од територијата на Македонија и поширокиот регион.
Според Нацевски, денешните расправи околу тоа „чиј“ бил одреден историски великан се производ на современите политички потреби, а не на тогашните историски околности.
Нацевски смета дека доколку историските херои од минатото можеле да ја видат денешната состојба, веројатно би биле разочарани од поделбите меѓу народите што некогаш имале заедничка цел. Наместо натпревар околу тоа кому му припаѓа одредена личност или настан, тој предлага фокус на економски развој, инфраструктура и подобрување на животниот стандард.
„Историјата треба да нè учи, но не и да нè заробува“, е суштинската порака на Нацевски. Само со рационален пристап и ослободување од политичката инструментализација на минатото, според него, регионот може да ја гради својата европска и економска перспектива.
Бугарското собрание го ратификуваше Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

