03 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во поткастот „Почетна Пресметка“, претседателот на Фондација Македонија, Виктор Стојанов, изнесе тврдења поврзани со актуелниот министер за дигитална трансформација на Северна Македонија, Стефан Андоновски.
Стојанов во својата изјава посочи дека Андоновски, кој ја извршува функцијата министер за дигитализација, има регистрирана фирма во Бугарија, поточно во Кјустендил. Тој наведе дека не располага со информации дали министерот има бугарско државјанство, но потенцираше дека фирмата е регистрирана на бугарска територија.
„Еве од вашиот етер може да излезе една убава вест од мене – дека министерот на Мицкоски, Стефан Андоновски, кој е министер за дигитализација на Северна Македонија, има фирма во Бугарија“, истакна Стојанов во разговорот.
Во продолжение, тој се осврна и на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека станува збор за „проблематична личност за двете држави, особено за Северна Македонија“. Стојанов додаде дека чувствува жалење за македонските граѓани поради, како што рече, начинот на кој се води државата.
Изјавата беше дадена во контекст на поширока дискусија за односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, како и за политичките и институционалните предизвици со кои се соочуваат двете земји.
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Благојче Атанасоски: Македонија секојдневно живее во деветтиот круг на пеколот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

