03 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов, во изјава за бугарскиот портал Lupa.bg, тврди дека лично премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, издал наредба да не се укине неговата забрана за влез во државата. Според Стојанов, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, добил инструкција од Мицкоски да ја задржи мерката на сила.
„Од 1 август 2022 година не сум стапнал на територијата на Северна Македонија. Не сум сторил никакво кривично дело за да ми биде забранет влезот. Недозволиво е еден премиер да дава такви наредби – како да сме во Северна Кореја“, изјави Стојанов.
Стојанов објасни дека со фондацијата „Македонија“ често престојувал во Северна Македонија каде организирале културно-просветни и хуманитарни активности. Според него, изградбата на „мостови“ меѓу двата народа ѝ пречела на македонската власт – и на актуелната и на претходната влада.
Покрај него, забрана за влез имаат и други бугарски државјани – меѓу нив доктор Милен Врабевски и европратеникот Андреј Ковачев. Стојанов потсети дека военото гробиште во Ново Село е обновено уште во 2006 година со лични средства на Врабевски и оттогаш е одржувано од Фондацијата „Бугарска Памјат“. Таму почиваат останките на 71 бугарски војници и офицери, од кои 15 биле родени во населени места од денешна Северна Македонија.
Стојанов откри дека белгиската полиција најверојатно ќе започне истрага против европратеникот Томас Вајц, известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, поради сомнежи за лобизам. Во Брисел веќе се зборува за „Вајцгејт“. Бугарските европратеници подготвуваат заедничко писмо до претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, со барање да се одложи објавувањето на компромитираниот извештај.
Според Стојанов, апсурдно е тоа што Мицкоски јавно тврдел дека учествувал во изработка на извештајот. Тој потсети дека сличен скандал се случил и со претходниот известувач Илхан Ќучук, кој го одложил извештајот заради контроверзии, но тие не биле од вакви размери.
Стојанов критикуваше дека Северна Македонија сѐ повеќе се оддалечува од европскиот курс и во надворешната политика. Како пример го наведе гласањето во ОН за Украина, каде Македонија гласала заедно со Кина, додека Бугарија и ЕУ имале заеднички став.
Тој постави и прашање зошто, ако македонската власт не сака да гради мостови со Бугарија, нејзини високи функционери како генералниот секретар Игор Јанушев отвораат фирми во Бугарија. „Фирма што направила обрт од 18 милиони лева за 4 години, а пријавила добивка од само 80.000 лева и платила 8.000 лева данок – тоа е даночна измама“, изјави Стојанов, повикувајќи ја бугарската НАП да истражи.
Стојанов го осуди и однесувањето на македонските судови, велејќи дека намерно се одложува судската одлука за претседателот на веќе забранетиот културен клуб „Иван Михајлов“. „Минаа 12 дена, а се уште нема пресуда, иако беше ветено дека ќе биде донесена по 8 дена. Станува збор за притисок“, тврди тој.