ВИДЕО: Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на врвот на Кораб
„Кораб е на Албанија и таму нема место за македонското знаме“, напиша Шулку на својот фејсбук-профил.
На врвот Голем Кораб кој припаѓа на Националниот парк Маврово стои информативна табла со налепница испишана на македонски јазик со надморската височина на врвот – 2.764 метри и дека корабскиот планински масив е во две земји Македонија и Албанија, но Шулку исто така ја искина и фрли.
Албанскиот државјанин Изет Шулку и неговата придружба планинари викендов од врвот на Кораб го симнаа македонското и поставија албанско знаме,