01 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Ивон Величковски, преку објава на социјалните мрежи изрази јасна поддршка за американската операција насочена кон, како што наведува, запирање на нуклеарната програма на Иран. Според него, ударите врз иранскиот режим претставуваат чекор кон спречување на закана која, како што оценува, не се однесува само на Блискиот Исток, туку и на глобалниот мир.
Во својата објава, Величковски наведува дека поддршката од Северна Македонија за операцијата на Соединети Американски Држави е „правилна и принципиелна“. Тој оценува дека станува збор за позиција која е во согласност со заложбите за зачувување на меѓународната безбедност и стабилност.
„Тоа е поддршка за запирање и на проксијата на иранскиот режим кои се обидуваат да го дестабилизираат регионалниот и светскиот мир и меѓународните трговски рути“, пишува Величковски. Според него, активностите на Техеран преку сојузнички и паравоени структури претставуваат дополнителен извор на нестабилност во поширокиот регион на Блискиот Исток.
Во исто време, лидерот на Нова Република прави разлика меѓу, како што наведува, „иранскиот режим“ и „иранската нација“. Тој посочува дека поддршката за операцијата е и поддршка за народот во Иран, кој, според неговите зборови, е „подложен на масакри од репресивниот теократски режим“.
Величковски упати критика и кон политичките субјекти во Северна Македонија и во регионот кои, според него, ќе останат молчаливи по ова прашање. „Ќе бидат премолчани сојузници – проксија на режимот кој е извор на терор на Блискиот Исток“, наведува тој во објавата.
Дополнително, тој тврди дека иранскиот режим е снабдувач со оружје за руската агресија врз Украина, поврзувајќи ја темата со поширокиот контекст на војната во Источна Европа и глобалните безбедносни предизвици.
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

