25 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Во Крива Паланка утре ќе се одржи мирен протест поради долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на говеда низ населените места и земјоделските површини. Граѓаните реагираат на штетите што добитокот ги предизвикува врз приватниот имот, обработливото земјиште и безбедноста во сообраќајот.
Според информациите од Општина Крива Паланка, протестот е инициран од граѓани, а поддржан од претставници на 16 месни заедници. Локалната самоуправа ја информираше јавноста и медиумите за одржувањето на собирот, нагласувајќи дека станува збор за мирен и достоинствен протест.
Во соопштението се наведува дека општината ја поддржува законската рамка и целосното спроведување на донесените решенија, при што се упатува повик до сите учесници да го изразат својот став одговорно и без инциденти.
Од локалната власт апелираат институциите да преземат соодветни мерки за трајно решавање на проблемот, кој подолг период предизвикува реакции во јавноста. Граѓаните очекуваат поефикасна контрола и јасно дефинирани обврски за сопствениците на добиток, со цел да се заштитат приватните имоти и земјоделските култури.
Според најавите, протестот ќе се одвива мирно, со порака за итно институционално постапување и системско решавање на овој локален проблем.
Прв ден без прекршок за поминување на црвено од стартот на „Безбеден град“
Бугарија меѓу водечките дестинации за германски инвестиции во Југоисточна Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

