македонија05 ноември 2024 Утре без струја дел од општините Ѓорче Петров и Петровец
Неколку делови од општините Ѓорче Петров и Петровец ќе останат без електрична енергија утре, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Во општина Ѓорче Петров, од 9:00 до 15:00 часот, ќе бидат без струја корисниците од улиците „Воин Драшкоци“ и „Ибе Паликуќа“, како и основното училиште „Димитар Поп Беровски“ во населбата Хром.
Во периодот од 10:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од села Орман и Никиштани, како и стопанските објекти на Трудбеник, Водостопанство, Гранит, Дарс, МВМ Компани, Регенератор, делови од Новоселски Пат, дел од село Волково и стопанскиот објект на Техника.
Во општина Петровец, од 8:30 до 14:00 часот, ќе бидат исклучени корисниците од улица 2, дел од улица 38 и дел од улица 203.
Покрај овие исклучувања, во периодот од 8:35 до 11:00 часот без струја ќе останат делови од село Дрма, а од 10:30 до 12:00 часот корисниците на улица 2 во село Идризово и викенд населбата преку автопатот.
РЦУК апелира до граѓаните да ги планираат своите активности соодветно на овие прекини и се извинува за можните непријатности.