МАКЕДОНИЈА

Уништен системот за наводнување кај Спомен Костурницата и Железен мост

04 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Новопоставените системи за наводнување кај Спомен Костурницата и спортските терени во близина на Железен мост се целосно или делумно уништени, информираа денеска од Јавното комунално претпријатие Дервен. Според нивните наводи, станува збор за сериозен вандализам кој предизвикал значителна материјална штета.

„Вандализам кај Спомен Костурницата – целосно е уништен системот за наводнување. Искршена е една шахта, оштетени се две електровентили, и украдени се 11 прскалки за наводнување,“ наведуваат од претпријатието. Дополнително, оштетувања и кражби се забележани и на системот во паркот кај Железен мост, каде исто така се уништени делови од инфраструктурата.

И двата системи биле неодамна поставени како дел од напорите за подобрување на јавните зелени површини во градот. Од ЈКП Дервен апелираат до граѓаните за повисока свест и одговорност, но и до надлежните институции за преземање мерки против ваквите вандалски акти.

„Со вакви постапки не се оштетува само јавното добро, туку се поништува и трудот и вложените средства за уредување на просторот кој е наменет за сите граѓани,“ велат од ЈКП Дервен.

Претпријатието најавува дека ќе поднесе пријава до надлежните органи и ќе побара одговорност за направената штета. Во меѓувреме, ќе се работи на санација на системите, но тие нагласуваат дека повторното поставување ќе бара дополнителни финансиски средства и време.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени