16 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Зоолошката градина во Скопје денеска официјално потврди дека е угината женка од видот сијаманг – редок и заштитен вид на мајмун. Причините за угинувањето сѐ уште не се познати и ќе бидат утврдени по обдукција, која ја спроведуваат стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина.
Во соопштението до јавноста, ЗОО Скопје истакна дека, во интерес на транспарентноста, ќе ги објави резултатите од обдукцијата веднаш штом бидат готови. Истовремено, институцијата остро ги демантираше тврдењата на Стефан Кирков, советник во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој објави дека угинатата женка сијаманг била бремена во моментот на смртта.
„Би сакале да ги демантираме шпекулациите дека женката сијаманг била бремена во моментот на угинување. Официјалните информации ќе ги соопштиме по добивање на резултатите од обдукцијата“, стои во соопштението од Зоолошката градина.
Претходно, советникот Кирков на своите социјални мрежи напиша дека во ЗОО Скопје „починала млада, бремена женка сијаманг“, што според него претставува уште еден доказ за, како што го нарече, „хоророт“ во институцијата.
Од ЗОО Скопје нагласија дека сите животни под нивна грижа добиваат ветеринарен третман веднаш по појава на симптоми или сомнеж за повреда. Благосостојбата на животните, велат оттаму, се следи континуирано од страна на стручниот персонал.
Останува да се почекаат резултатите од обдукцијата, кои ќе го разјаснат случајот и ќе дадат одговори на шпекулациите што се појавија во јавноста.