17 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Педесет и деветгодишен државјанин на Северна Македонија е уапсен во Грција откако бил фатен како управува мотоцикл со брзина од дури 223 километри на час, на делница каде што максимално дозволената брзина изнесува 110 км/ч.
Според информациите од Регионалната полициска дирекција во северниот дел на Грција, лицето било запрено на автопатот Солун–Евзони, односно на патниот правец што води кон граничниот премин со нашата земја. Полицијата реагирала откако радарски систем ја регистрирал екстремно високата брзина, која била речиси двојно поголема од дозволената.
Грчките медиуми информираат дека станува збор за 49-годишен македонски државјанин. Државната телевизија ЕРТ објави дека по приведувањето, на возачот му биле одземени возачката дозвола и регистарските таблички, а му била изречена и парична казна во висина од 700 евра.
Се очекува приведениот да биде изведен пред надлежен судија во текот на денот.
Од Генералната регионална полициска дирекција за Централна Македонија во Грција објавија и фотографии на социјалните мрежи, меѓу кои и снимки од радарот што ја регистрирал брзината, како и од мотоциклот со кој е сторен прекршокот.
Украден бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Чаир
Маслото достигна 100 денари – граѓаните алармираат за поскапувања во маркетите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

