10 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Полицијата приведе 52-годишен наставник од Скопје, осомничен дека вознемирувал ученичка и од неа барал сексуален однос.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 9 март 2026 година околу 17:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода наставникот, кој работел во средно училиште на подрачјето на општина Центар.
Приведувањето било извршено по претходна пријава, според која во периодот од 25 февруари до 2 март 2026 година тој наводно вознемирувал 18-годишна ученичка и побарал од неа да имаат сексуални односи.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. По завршување на постапката, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

