14 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера (13.03.2026) околу 13:55 часот во тетовското село Џепчиште, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во домот и помошните простории на лицето Б.М. (44) од Џепчиште.
При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. За време на акцијата присутни биле и претставници од Центарот за социјални работи во Тетово.
Во врска со случајот е приведен неговиот 15-годишен син, кој е осомничен дека испратил закани дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во едно средно училиште во Тетово.
Од МВР соопштија дека по целосното документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

