18 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Хелсиншкиот комитет за човекови права поднесоа тужба против Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија поради системска дискриминација врз жените земјоделки. Случајот е поднесен пред Граѓанскиот суд во Скопје, со барање за измена на Законот за здравствено осигурување и укинување на дискриминаторските практики кон оваа ранлива категорија жени.
Во моментов, жените земјоделки во земјата не можат да остварат право на породилно отсуство и боледување како останатите жени. Наместо тоа, тие мораат индивидуално да аплицираат за овие основни права преку програма на Министерството за земјоделство – истата програма преку која се аплицира за субвенции за трактори и крави. Дури и тогаш, исплатата не е гарантирана и е условена со низа строги критериуми, вклучувајќи и приход под 50 илјади денари месечно на ниво на домаќинство.
Според податоците, во 2023 година биле поднесени само четири барања за породилно отсуство од страна на жени земјоделки, од кои само едно било одобрено. Одобрената исплата изнесувала 100 илјади денари за целиот деветмесечен период на бременост. Во 2024 година, ситуацијата била уште полоша – од шест поднесени барања, повторно само едно било одобрено, со уште пониска исплата од 81 илјада денари.
Комисијата и Хелсиншкиот комитет укажуваат дека овој систем не нуди правна сигурност и не ги исполнува обврските на државата според меѓународното право. Наместо законска гаранција, мајчинството за жените земјоделки станува нешто за што треба да се „молат“ преку годишни програми, кои лесно може да се променат, укинат или ограничат.
„Со сегашниот Закон за здравствено осигурување, жените земјоделки се дискриминирани врз основа на пол, личен статус и припадност на маргинализирана група,“ се вели во заедничката изјава на двете институции. Тие нагласуваат дека правото на мајчинство не смее да зависи од добрата волја на државните органи, туку мора да биде стабилно и уредено со закон.
Практиката покажува дека програмата, покрај што е неефикасна, ѝ овозможува на Владата да ги пренасочи непотрошените средства кон други намени. Во меѓувреме, жените земјоделки, во отсуство на финансиска поддршка, се принудени веднаш да се вратат на работа по породувањето, оставајќи ги новороденчињата без соодветна грижа.
Иако Пратеничката група на „Левица“ подготви амандмани за измена на Законот, тие не добија поддршка во пленарната седница. Министерството за здравство, и покрај препораките на Комисијата за дискриминација, досега не иницирало какви било измени на Законот.
Со тужбата, Комисијата и Хелсиншкиот комитет бараат:
Околу 1.050 жени земјоделки во Македонија се погодени од оваа неправда, но само мал дел од нив остануваат бремени во текот на една година – што значи дека финансискиот товар за државниот буџет би бил минимален, додека социјалната добивка огромна.
Со тужбата, институциите кои се залагаат за човекови права испраќаат јасна порака – мајчинството не е привилегија, туку елементарно човеково право кое државата мора да го гарантира подеднакво за сите жени, без разлика на нивниот социјален или професионален статус.
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство