21 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Тринаесетгодишно девојче од радовишко село заврши во болница со телесни повреди, откако било брутално претепано од нејзиниот татко и брат. Настанот се случил на 20 јули 2025 година, во раните утрински часови.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен во 04:25 часот, кога лекар од Итната медицинска помош во Радовиш информирал дека малолетничката се јавила за медицинска помош со видливи повреди на телото. Таа изјавила дека повредите ѝ ги нанеле нејзиниот татко И.А. (46) и братот А.А. (21).
Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш веднаш постапиле по пријавата и ги привеле осомничените лица. За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, кој дал насоки за понатамошно постапување.
Во истрагата е вклучен и претставник од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Радовиш, кој остварил разговор со девојчето за утврдување на околностите под кои се случило насилството. По целосното документирање на случајот, против таткото и братот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Случајот уште еднаш го актуализира прашањето за семејното насилство и потребата од брза и ефикасна реакција на институциите за заштита на малолетни жртви.
Љубчо удри по Југославија: Народот гладуваше, а тие копаа аеродроми под земја!