10 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, оцени дека Владата и работодавачите не покажале вистинска грижа за работниците, особено во однос на зголемувањето на минималната плата. Во емисијата „ТОП ТЕМА“, тој истакна дека државните политики се насочени првенствено кон поддршка на бизнисот, додека потребите на работниците остануваат на маргините.
Според Трендафилов, јавноста постојано слуша за милионските кредити што им се ставаат на располагање на компаниите, но никој не зборува за товарот што ќе го сносат граѓаните. Тој нагласи дека за каматите на тие кредити не бил воден никаков дијалог со работниците, иако токму тие, заедно со сите граѓани, ќе ја враќаат каматата преку буџетот, додека работодавачите ќе покриваат само дел од обврските.
Иако Владата, како што рече, декларативно зборува за помош на малите и средните претпријатија, Трендафилов смета дека работодавачите не направиле сериозен исчекор кога станува збор за зголемување на минималната плата. Тој потсети дека кога Владата извршила притисок врз нив, тие веднаш се повлекле, наместо да покажат разбирање за реалните потреби на работниците. „Клучната реченица што ја слушаме цела година е – Владата не прифати“, истакна Трендафилов, потсетувајќи дека синдикатите и лани организирале протести токму поради минималната плата.
Обидите проблемот да се реши преку социјален дијалог, според него, исто така не вродиле со плод. Трендафилов информираше дека биле одржани три седници на Економско-социјалниот совет, но на две од нив немало кворум поради недостиг на репрезентативност, во моменти кога требало сериозно да се разговара и да се носат одлуки.
Тој нагласи дека минатогодишниот договор со работодавачите немало да ја чини Владата ниту денар, а напротив, државниот буџет ќе добиел околу 10 милиони евра од придонесите за задолжително социјално осигурување. Како што објасни, работодавачите биле дури 90 проценти подготвени платите да се зголемат за 6.000 денари, а државата во пракса само би ги прераспределувала средствата преку субвенции или ослободување од придонеси, при што парите би останале во буџетот.
На последната седница на Економско-социјалниот совет, рече Трендафилов, станало јасно дека од другата страна нема слух за аргументите на синдикатите. Со иронија им било порачано дека „некој во Владата е спремен минималната плата да биде 800 евра“. Тој додаде дека синдикатите ги исцрпиле сите можни аргументи и подготвиле детална анализа која, како што тврди, целосно ги демантира изјавите на Владата и на работодавачите.
„Пратениците нека дојдат и пешки – Собранието утре ќе работи“, порача Гаши
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

