МАКЕДОНИЈА

Тренчевска за изборот на Славески: „Партиски послушник“ недостоен за гувернер на Народната банка

29 мај 2025

• од Вардарски

Пратеничката од редовите на СДСМ, Јована Тренчевска, остро реагираше на предлогот за избор на Трајко Славески за гувернер на Народната банка, оценувајќи го како „партиски послушник“ и неподобен кандидат за функцијата што, според неа, треба да ја врши независна и стручна личност.

На собраниската седница, Тренчевска ја обвини владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ дека со предлогот ја партизира и последната независна институција во државата. Таа предупреди дека поставувањето на Славески, актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје, значи поткопување на принципот на институционална независност и отвора врата за политичко влијание врз економските процеси.

„Наместо непартиски професионалец со кредибилитет, се предлага човек кој е длабоко вкоренет во партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ. Со ова се урива угледот на Народната банка, која досега беше предводена од Анита Ангеловска-Бежоска — жена со неспорна експертиза и интегритет“, рече Тренчевска.

Во своето обраќање, таа потсети на контроверзните политики на Славески од неговото минато, посочувајќи го како главен виновник за скапото задолжување на државата со еврообврзницата од 175 милиони евра во 2009 година, со тогаш рекордно висока камата од 9,87%. Таа го обвини дека наместо антикризни мерки во услови на глобална рецесија, тој и тогашната влада инвестирале во скапи и непотребни проекти, игнорирајќи ја потребата за поддршка на граѓаните и економијата.

Тренчевска дополнително го критикуваше Славески за неговата политика на рамниот данок, која, како што рече, била во корист на побогатите, и за неговите ставови против зголемување на минималната плата.

„Тој ги нарекуваше барањата за повисоки плати ‘фолклор’ и тврдеше дека зголемувањето на минималецот е економски крах. Таков став е неприфатлив за некој што треба да ја води централната банка“, истакна таа.

Осврнувајќи се и на неговото однесување како претседател на Советот на Град Скопје, Тренчевска го опиша како човек кој ја блокирал работата на градот, учествувал во партиски битки против градоначалничката Арсовска, и се користел со привилегии како бизнис класа билети, за кои, според неа, давал оправдувања со цел да му се додвори на премиерот и да биде именуван за гувернер.

Тренчевска ги повика пратениците да не го поддржат овој предлог и порача дека Народната банка заслужува лидер кој ќе ја брани независноста на институцијата и ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и економската стабилност.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени