МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Во Битола годинава 238 првачиња помалку од лани

22 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Во новата учебна година што започнува во септември, во Битола ќе се запишат 529 првачиња – значително помалку од лани, кога беа регистрирани 767 ученици во прво одделение. Тоа претставува намалување од 238 деца, што укажува на продолжување на трендот на опаѓање на бројот на ученици во оваа општина.

Според податоците од Секторот за образование на Општина Битола, најмалку првачиња се запишани во основните училишта „Александар Турунџев“ во Кукуречани, каде ќе започнат само 10 ученици, и во „Св. Кирил и Методиј“ во градот, каде ќе седнат 24 деца во училишните клупи.

Од друга страна, најмногу првачиња – вкупно 94 – се запишани во ООУ „Св. Климент Охридски“, кое останува водечко по бројот на ученици во генерација.

Според деталната евиденција:

  • Во ООУ „Ѓорги Сугарев“ ќе учат 30 првачиња,
  • Во ООУ „Трифун Пановски“ се запишани 37,
  • Во ООУ „Коле Канински“ – 43,
  • Во ООУ „Гоце Делчев“ – 45,
  • Во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во селото Бистрица – 30.

Намален број на првачиња е забележан и во основните училишта „Тодор Ангелески“, „Стив Наумов“, „Елпида Караманди“ и „Даме Груев“, потврдуваат од Општина Битола.

Овој пад во бројот на запишани ученици го отсликува демографскиот предизвик со кој се соочува Битола и околината, и укажува на потребата од поширока стратегија за поддршка на младите семејства и задржување на младата популација во регионот.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени