28 мај 2025
• од Вардарски
Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, од собраниската говорница побара итно разјаснување и транспарентност околу деталите од неодамна потпишаниот договор меѓу Владата на Северна Македонија и Обединетото Кралство. Според него, одредени клаузули од договорот отвораат сериозни сомнежи за можна злоупотреба и заобиколување на Законот за јавни набавки.
Најголема загриженост, според Трајчулески, предизвикува ставот 2 од членот 2, каде се наведува дека „ќе се олесни запознавање со британски деловни субјекти за поддршка на реализацијата на проектите“. Тој праша дали ова значи дека изведувачите се веќе договорени, што би било спротивно на принципот на транспарентна и конкурентна постапка за јавни набавки.
„Македонската јавност има право да знае – што точно значи оваа одредба? Ако веќе се избрани изведувачи, тогаш тоа е директен удар врз правната држава и начинот на кој се трошат јавните средства“, изјави Трајчулески.
Пратеникот укажа и на нејаснотии во членот 3 од договорот, каде се наведува дека ќе се работи на „мобилизирање на финансирање на приоритетните проекти наведени во анексот А“. Според него, тоа отвора нови дилеми – дали за секој проект ќе се бара посебно финансирање и под кои услови?
„Овие формулации сугерираат висок степен на финансиска непредвидливост и носат ризик за државниот буџет, особено ако не се знаат каматните стапки и договорените услови“, предупреди Трајчулески.
СДСМ бара Владата итно да излезе пред јавноста и да даде одговори на сите отворени прашања. Според партијата, граѓаните заслужуваат целосна транспарентност, особено кога станува збор за меѓудржавни договори кои директно влијаат врз буџетот и економскиот развој.
„Не смее да има договори зад затворени врати. Владата мора да покаже одговорност и почит кон домашното законодавство“, заврши Трајчулески.