29 мај 2025
• од Вардарски
Митко Трајчулески, изрази сериозна загриженост околу планираното задолжување на државата во висина од 6 милијарди евра, што претставува досега најголем заем во историјата на Северна Македонија. Тој побара од Владата итно да ја информира јавноста за условите на овој договор, потпишан со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
„Граѓаните мора да знаат како овој заем ќе се одрази врз нивниот живот во иднина. Станува збор за сума која е еднаква на еден целосен годишен буџет на државата, а многу аспекти од договорот остануваат нејасни“, истакна Трајчулески. Според него, непознато е колкава ќе биде каматната стапка, какви се роковите за отплата и како ова задолжување ќе влијае врз јавниот долг.
Тој предупреди дека политичките одлуки од денес ќе имаат последици врз идните генерации, нагласувајќи: „Политичарите доаѓаат и си одат, но долгот ќе остане да го враќаат нашите деца“.
Особено загрижувачко, според Трајчулески, е тоа што Владата досега не покажала доволен капацитет за реализација на големи инфраструктурни проекти. Тој посочи на неуспешната реализација на капиталните инвестиции од унгарскиот заем, каде и покрај предвидени 70 милиони евра за 2024 година, на крајот од годината биле реализирани нула денари.
„Ако Владата нема капацитет да ги спроведе овие проекти, тогаш ниту стратешките партнерства ниту милијардите евра ќе имаат ефект. Финансиската рамка без реална реализација е празна форма“, потенцираше Трајчулески.
Во завршницата на својот говор, тој го спореди овој заем со неисполнетите ветувања од минатото: „Ако не се изгради институционален капацитет, ќе се повтори сценариото на Никола Груевски и неговото ветување за 8 милијарди евра инвестиции, од кое граѓаните не видоа многу корист.“
Пратеникот повика на транспарентност, отчетност и јасна стратегија за трошење на средствата, за да се обезбеди вистински придобивка за граѓаните и економски напредок на државата.
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници
Проф. Стефан Дечев: Пиринска Македонија е единствениот слободен македонски краj