24 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Познатиот македонски пејач Тони, член на хит дуото 2 Бона, откри дека е во љубовна врска со девојка од Бугарија, споделувајќи детали од приватниот живот кои ја освоија публиката и во Македонија и преку граница.
„Може да станам бугарски зет, а таа може да стане македонска сна“, изјави Тони говорејќи за врската која, според него, е изградена на искреност, доверба и почит. Тој нагласи дека никогаш не разговарале за политика или историски теми, бидејќи љубовта не зависи од тоа каде си роден или што пишува во учебниците.
„Таа растела таму, јас овде. Секој со своето искуство. Но ние никогаш не разговаравме за тие теми – ги сметаме за непотребни во љубовта“, додаде тој.
Еден од највпечатливите моменти во интервјуто беше кога се осврна на трагедијата во Кочани, каде за време на немилиот настан се наоѓал во Бугарија – кај својата девојка. Тони раскажа дека токму тогаш таа, видно потресена од случувањата, доброволно отишла да донира крв во познатата бугарска болница „Пирогов“.
„Бев кај неа дома кога се случи трагедијата во Кочани. Таа веднаш сакаше да помогне и отиде во 'Пирогов' да дарува крв. Видов колку луѓе чекаа ред – се даруваше со часови. Болницата отвори дополнителни пунктови за да може да се помогне побрзо. Тоа ме трогна многу“, рече Тони.
Овој гест ја истакнува човечката страна на приказната и потсетува дека добрината и солидарноста не познаваат националност. Тони и неговата девојка се пример за тоа како љубовта и хуманоста се над сите граници, и како младите од различни земји можат да создадат блискост и разбирање во духот на заедништвото.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден