ТМРО: Македонија е единствената држава која ја прославува својата окупација
За ТМРО е несватливо редовно, веќе 15 години наназад, да се одбележува окупацијата на овој дел од Македонија од страна на српскиот окупатор со три прослави, Брегалничката битка во Штип, Зебрњак во Куманово и битката на Кајмакчалан во Битола, а што е најтрагично од двете страни, меѓусебе војувале етнички Македонци регрутирани во српската и бугарската војска и таа претставува братоубиствена војна. Македонија изгледа е единствената држава која ја прославува својата окупација, соопшти ТМРО.