07 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Длабоко потресен и видно револтиран, таткото на починатиот тапанар од групата ДНК, Горги Горгиев, јавно ја искажа својата болка и гнев за време на „Маршот за ангелите“ што се одржа во Кочани. Настанот беше организиран во чест на младите животи кои трагично настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“, меѓу кои беше и неговиот син.
Во емотивен говор пред јавноста, таткото го искина писмото на поддршка кое го добил од претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова. Тој ја обвини за лицемерие, истакнувајќи дека писмото не било ниту лично потпишано, ниту поддржано со конкретни дела.
„Таа вети дека ќе биде претседателка и мајка. За три дена ме најде мене со писмо, а потоа ме заборави за 24 часа. Мајко моја, маќео, ова на што личи? Добивме писмо без потпис. Овој збор ја прелажа цела Македонија и ова за мене не важи“, изјави тој со солзи во очите.
Во обраќањето, директно ги повика претседателката Силјановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да поднесат оставки, обвинувајќи ги за неспособност и игноранција кон болката на семејствата.
„Лично ви се обраќам, не ви е ли срам? Имате деца, нека ви се живи и здрави. Нашите деца на 16 март загинаа. А вие, на 16-ти, кој било месец, тројцата да си дадете оставка!“
Тој укажа и на тоа дека досега ниту еден функционер не е повикан на одговорност за трагедијата и обвини за селективна правда. Останатите родители, присутни на маршот, ја потврдија изјавата, велејќи дека и тие добиле слични писма без потпис и без вистинска заложба за правда.
Настанот ја разоткри длабоката болка и разочараност на семејствата на загинатите, кои бараат одговорност и вистинска правда за трагичната загуба на нивните најмили.
В'лчев со критики за ЕУ-извештајот: Не е работа на парламентот да признава идентитет
Приведен возач во Кавадарци поради управување со возило под дејство на алкохол