27 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во најновото издание на емисијата Win-Win гостуваше лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој отворено говореше за причините поради кои неговата партија одлучи да се повлече од владината коалиција. Тој ја опиша нивната улога во власта како период на маргинализација и нефункционалност.
Таравари потсети дека на почетокот на 2024 година коалицијата имала јасна цел – да донесе политички промени по повеќе од две децении владеење на Демократска унија за интеграција. Според него, коалицијата „Влен“ успеала да освои околу 107.000 гласови и да ја исполни главната цел – испраќање на ДУИ во опозиција.
Сепак, како што истакна, почетниот ентузијазам брзо исчезнал. По само десет месеци во власта, партијата се соочила со, како што вели, „суровата реалност“. Таравари обвини дека ВМРО-ДПМНЕ вршела целосна маргинализација на нивните кадри, при што директорите од коалицијата биле зависни од нивните заменици.
„Влен е само декор во Владата, за да се каже дека има албанско претставување, но без вистинско влијание и моќ“, нагласи Таравари.
Тој упати сериозни критики и кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за намерно слабеење на албанскиот политички фактор во земјата.
„Мицкоски успеа целосно да ги маргинализира Албанците и да покаже дека може да се владее и со група мали партии кои ниту треба нешто да прават, ниту знаат“, изјави Таравари, додавајќи дека дел од министрите од албанскиот блок биле без доволно искуство и јавна препознатливост.
Според него, клучните точки од коалицискиот договор останале само на хартија. Како пример го посочи недостигот на фискална децентрализација, како и новиот закон за локална самоуправа, кој, наместо да ги зајакне, дополнително ги ограничил надлежностите на општините.
На крајот, Таравари јасно ја изрази својата позиција:
„Подобро е да се биде во опозиција отколку да се биде кукла во Владата. Јас по карактер не можам да бидам кукла во една влада… Да се биде дел од нефункционален систем е идиотизам“, заклучи тој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

