24 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, упати остра реакција по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „не постојат политички услови за уставни измени“, оценувајќи дека ваквиот став е загрижувачки за европската иднина на државата.
Според Таравари, изјавата на премиерот е нејасна и без конкретен план или временска рамка, што дополнително ја продлабочува неизвесноста околу евроинтегративниот процес. Тој јавно прашува дали Владата донела одлука трајно да го затвори патот кон Европската унија, нагласувајќи дека секое одложување на уставните измени значи оддалечување од Европа и приближување кон изолација.
Таравари упати критики и до коалицијата ВЛЕН, повикувајќи ја да се соочи со својата политичка одговорност и да не остане пасивен набљудувач на процесите што ја одредуваат иднината на државата. Тој потсети дека ветувањето за спроведување на уставните измени во рок од шест месеци претставува обврска кон граѓаните, а сегашната тишина и неактивност, според него, се неприфатливи.
Во услови на динамични глобални случувања, секое назадување во интегративните процеси, според Алијансата за Албанците, може да има долгорочни и тешко поправливи последици за државата и нејзините граѓани. Оттаму повикуваат на поширок политички и општествен консензус, со цел да се обезбеди јасна насока и одговорно дејствување во интерес на иднината на земјата.
Европската иднина, потенцира Таравари, не е прашање на избор, туку стратешка неопходност.
Бугарија влегува во елитата на европскиот мотоспорт со нова тест-писта за Формула 1
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

