06 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Денешното рочиште за трагичниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, беше обележано со силно емотивно сведочење на Наско Карадаковски, татко на починатиот Александар.
Карадаковски пред судот изјави дека неговиот син дознал дека е впишан како управител на фирма поврзана со сопствениците на дискотеката „Пулс“ дури откако се повредил и се соочил со фактот дека нема здравствено осигурување. Според сведочењето, Александар бил принуден сам да ги покрива трошоците за лекување, што дополнително ја открило неговата формална, но суштински нефункционална улога во фирмата.
Сведокот нагласи дека неговиот син во периодот пред пожарот бил под силен психолошки притисок и во состојба на паника, свесен за одговорноста што ја носи како управител на хартија, иако, како што посочи, реално не учествувал во водење на сметководство ниту имал било какви активности поврзани со банкарското работење на фирмата.
Според изнесеното во судницата, Александар бил пријавен како управител со цел да се зачува лиценцата на сопственикот Дејан Јованов. Карадаковски истакна дека неговиот син всушност работел во кафулето „Класик“, а не во дискотеката „Пулс“.
Дополнително, беше посочено дека Александар се здобил со повреди за време на изведување градежни работи при реновирањето на дискотеката во текот на 2024 година, помагајќи како физички работник.
Судењето, кое го води судијката Дијана Груевска Илиевски, продолжува во фаза на доказна постапка. Судот најави дека на следното рочиште ќе биде сослушан нов сведок, за кого е предвидено и присилно спроведување доколку повторно не се појави пред судот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

