31 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Студентите Албанци најавија протест што ќе се одржи на 6 април во Скопје, како реакција на, како што велат, одолговлекувањето и непостапувањето по нивното барање испитот по правосудство да се полага и на албански јазик. Со пораката „Албанскиот јазик повикува – твојот глас е нашата сила“, тие повикуваат на масовна поддршка, нагласувајќи дека станува збор за легитимно и уставно право.
Еден од иницијаторите на оваа иницијатива, Мевлан Адеми, изјави дека студентите уште од летото 2024 година очекуваат разрешница на нивното барање, но наместо тоа се соочиле само со одложувања. Според него, правото на употреба на албанскиот јазик не смее да биде предмет на политичка волја или различни толкувања од страна на институциите.
Протестот е закажан за понеделник, 6 април, со почеток во 12:30 часот, пред Камениот мост во Скопје. Од таму, учесниците ќе маршираат кон Министерството за правда. Организаторите потенцираат дека локацијата е симболична, бидејќи Чаршијата претставува значаен културен и историски простор.
Адеми упати повик до сите граѓани, без оглед на политичката припадност, да им се придружат и да ги поддржат студентите во нивната, како што ја нарекува, легитимна и уставно загарантирана борба за право на образование на мајчин јазик.
Во изминатите денови, студентите од Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар и Кичево спроведоа симболична акција, поставувајќи плакати на различни локации низ градовите. На нив јасно стои пораката: „Учевме на албански – ќе полагаме на албански“, со што го изразуваат своето незадоволство и барање за почитување на правото на образование на мајчин јазик.
Оваа иницијатива доаѓа како одговор на одбивањето испитот по правосудство да се организира и на албански јазик, што, според студентите, предизвикало пошироко незадоволство и мобилизација меѓу младите. Протестот на 6 април се очекува да биде кулминација на нивните досегашни активности и обид да се изврши притисок врз надлежните институции да го решат ова прашање.
Крвав инцидент во Прилепскиот затвор: Осуденик нападнал цимер со остар предмет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

