30 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Тежок и вознемирувачки настан го потресе градот Росоман, каде што според првичните информации, син ја лишил од живот својата мајка со нож.
Информацијата е потврдена за МИА од докторот Ратко Грков од Итната медицинска помош во Кавадарци, кој бил повикан на местото на настанот.
„Нашиот тим беше повикан на лице место, каде што беше констатирана убодна рана од нож во пределот на вратот. Поради сериозноста на повредата, жената починала на самото место“, изјавил Грков за МИА.
Засега не се објавени дополнителни детали за околностите под кои се случило убиството, ниту за мотивите зад трагедијата. Надлежните институции работат на расчистување на случајот, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Овој настан предизвика голема загриженост кај локалното население и повторно ја отвори темата за семејното насилство и неговите последици.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

