01 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Како што се продлабочува безбедносната криза на Блискиот исток по ескалацијата на конфликтот меѓу Соединети Американски Држави и Израел од една страна и Иран од друга, така расте и неизвесноста меѓу македонските државјани кои престојуваат во земјите од Персискиот Залив. Но додека соседните држави реагираат со конкретни планови за евакуација, македонските институции засега се ограничуваат на – телефонски контакти.
Србија и Бугарија веќе најавија конкретни мерки за евакуација на своите граѓани – транспортни коридори, координација со сојузници и подготвеност за организирани летови доколку безбедносната состојба дополнително се влоши. Пораката е јасна: државата стои зад своите граѓани, без разлика дали се таму како туристи или како работници.
Наспроти тоа, од Министерство за надворешни работи на Северна Македонија засега нема најава за конкретен евакуациски план. Објавени се контакт-телефони и апели за претпазливост, но без јавно презентирана стратегија за организирано враќање на државјаните во случај на итност.
Иако нема официјална бројка, според дипломатски и неформални проценки станува збор за неколку илјади македонски државјани во регионот на Заливот.
Приближните проценки укажуваат на:
Отсуството на официјални и ажурирани податоци отвора сериозни прашања. Ако државата не знае колку нејзини државјани се наоѓаат во потенцијално ризични подрачја, како ќе планира нивна евакуација?
Аргументот дека регистрирањето на државјани во странство „не е редовна обврска“ можеби административно е точен, но во услови на глобални кризи тој звучи како бирократско оправдување. Современите дипломатски служби не функционираат реактивно, туку превентивно.
Особено кога станува збор за регион како Блискиот исток – традиционално нестабилен и често во фокус на геополитички конфликти – неопходни се однапред дефинирани протоколи, редовно ажурирани бази на податоци и логистички сценарија за итни случаи.
Практиката покажува дека кризите не оставаат простор за импровизација. Ако соседните држави можат да подготват авиони и безбедносни коридори, тогаш прашањето не е дали Македонија може – туку зошто не го прави тоа.
Заштитата на граѓаните во странство не смее да се сведува на пасивна комуникација. Во време на зголемени геополитички тензии, државната одговорност се мери со конкретни дејствија, а не со телефонски линии.
Додека илјадници македонски државјани во Заливот ја следат ситуацијата со растечка загриженост, останува впечатокот дека нивната држава засега нема план Б. И токму тоа е најголемиот проблем.
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

