24 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
На 11 мај 1903 година, американскиот весник The New York Times објавува текст со наслов „Macedonian Chief Dead“, во кој информира за смртта на Гоце Делчев – една од клучните личности на револуционерното движење во Македонија на почетокот на XX век.
Во написот, весникот се повикува на допис од Лондон и на информации од виенскиот кореспондент на „The Times“, при што Делчев е опишан како „македонски водач“ и „бугарски револуционер“. Според текстот, тој бил сметан за сериозна загуба за востаничкото движење и бил означен како „вистинскиот водач“ на револуционерната организација што дејствувала на територијата на Македонија.
Написот дополнително посочува дека Делчев бил поврзан со организацијата на киднапирањето на американската мисионерка Мис Стон (Miss Stone), настан што во тоа време предизвикал значително меѓународно внимание. Според весникот, киднапирањето имало за цел обезбедување финансиски средства за револуционерната организација.
Објавувањето на ваков текст во влијателен американски весник како „The New York Times“ сведочи за тоа дека македонското револуционерно движење и личноста на Гоце Делчев биле тема од меѓународен интерес. Во контекстот на почетокот на XX век, кога Македонија сѐ уште била под Османлиска власт, револуционерните активности во регионот биле внимателно следени од европските и американските медиуми.
Овој историски извор претставува значаен документ за тоа како странскиот печат го перцепирал Делчев и македонското движење во времето непосредно пред Илинденското востание во 1903 година.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

