МАКЕДОНИЈА

Спасовски: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност од актуелни функционери

06 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во интервју за телевизијата „Алсат-М“ изјави дека трагедијата во Кочани претставува една од најголемите трагедии што ја погодиле државата, и дека за неа мора да се понесе одговорност од сите инволвирани, вклучително и актуелни функционери.

Спасовски остро ја критикуваше истрагата за случајот, велејќи дека е селективна, нетранспарентна и дека досега ниту еден носител на функција не презел одговорност. Според него, не се преземени сите неопходни чекори за да се откријат и санкционираат вистинските виновници.

„Никој не е опфатен во истрагата, а истата треба да покаже каде се направени пропустите, особено имајќи предвид дека трагедијата се случи во време кога ВМРО-ДПМНЕ речиси една година е на власт“, изјави Спасовски.

Тој потенцираше дека и покрај трагедијата, власта не покажува волја за промена на системот.

„По настаните во Кочани, имаше едногласност – и во Собранието и во јавноста – дека мора да се направи системски ресет. Да се изгради систем којшто ќе функционира и ќе биде во согласност со очекувањата на граѓаните – европски систем. Наместо тоа, се прават законски измени со кои се намалуваат критериумите за избор на функционери, што не е реформа, туку дополнително уназадување“, додаде тој.

Спасовски го критикуваше и однесувањето на владејачките партии, нагласувајќи дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту ВЛЕН, ниту ЗНАМ можат да го сокријат, како што рече, своето незнаење и неспособност. Тој предупреди дека државата се движи наназад на сите полиња.

„Сведоци сме на целосно уназадување, на враќање чекор по чекор назад во секој сегмент. Тоа мора да престане, а одговорноста мора да ја понесат оние што не си ја вршат работата“, заклучи Спасовски.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени