28 мај 2025
• од Вардарски
На денешната собраниска седница, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, остро реагираше на начинот на кој Владата ја турка ратификацијата на договорот со Обединетото Кралство, предупредувајќи дека станува збор за правен преседан.
Спасовски укажа дека не е јасно дали се работи за меѓународен договор или за спогодба, бидејќи постои значајно несогласување помеѓу македонската и англиската верзија на документот. Во македонската верзија, договорот е формулиран како „Предлог-закон за ратификација на договор помеѓу двете влади“, додека во англиската верзија се користи терминот „arrangement“, што укажува на спогодба, а не на формален меѓународен договор.
„Не може да се зборува за ратификација на меѓународен договор кога самите преводи покажуваат суштинска разлика во природата на документот. Ако преводите треба да имаат иста тежина, тогаш ова е сериозен проблем“, истакна Спасовски.
Дополнително, тој посочи на уште еден сериозен пропуст во документот – различното именување на потписникот. Во англиската верзија стои дека договорот е потпишан од „Vice President of the Republic of North Macedonia“, иако таква функција не постои во уставниот поредок на државата.
„Последен потпретседател на Републиката беше Љупчо Георгиевски. Денес таква функција не постои. Во македонската верзија, пак, стои ‘Заменик-претседател на Владата’, што е сосема поинаку. Вакви недоследности го прават договорот правно ништовен“, додаде Спасовски.
Поради сериозноста на ситуацијата, пратеничката група на СДСМ побара пауза од еден час, со цел Собранието и Владата да ги разгледаат и разјаснат забележаните правни и процедурни неусогласености.
Овој случај, според Спасовски, отвора прашања за транспарентноста и правната исправност на меѓународните обврски што државата ги презема, предупредувајќи дека ваквиот пристап може да создаде опасен преседан во иднина.