МАКЕДОНИЈА

Советникот Акиов: ВМРО-ДПМНЕ постојано провоцираат и омаловажуваат

20 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

По инцидентот кој се случи на денешната седница на Советот на Општина Кочани и стана вирален на социјалните мрежи, со јавно обраќање се огласи советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР). Акиов негира дека тој е главниот виновник за нарушувањето на угледот на институцијата и ги обвини советниците од ВМРО-ДПМНЕ за континуирани провокации и навреди на лична основа.

„Правото на говор на советниците е непречено право по деловник за работа на советите во општините во Р.С. Македонија“, напиша Акиов, посочувајќи дека советничката сала се претвора во сцена за „урлање, барање паузи и лични навреди“ секогаш кога тој се обидува да ја каже вистината која, како што тврди, не им одговара на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој остро ги осуди, како што ги нарече, „некултурните и нехумани постапки“, особено во контекст на неодамнешната трагедија со загинати деца. Според него, советниците од ВМРО избегнуваат одговорност и користат политички маневри со цел да го задржат својот рејтинг пред локалните избори.

Акиов посебно го спомена советникот Алексов, кого го обвини дека е иницијаторот на инцидентот, наведувајќи дека чашата прелила токму поради неговите постапки.

Во своето обраќање, Акиов упати и јавно извинување до правничката од Општина Кочани, на која ѝ беше нанесена повреда во текот на инцидентот.

„Јас не калкулирам со мојот авторитет и рејтинг. Јас не сум ‘гомнар’, јас сум борец за правда“, истакна Акиов, завршувајќи со уверување дека неговата борба останува насочена кон вистината и правдата.

Инцидентот предизвика бурни реакции во јавноста и повторно го актуализира прашањето за политичката култура и однесувањето на локално ниво.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени