МАКЕДОНИЈА

Скопјанец обвинет за семејно насилство — ја тепал и давел сопругата во пијана состојба

27 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Јавното обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 54-годишен маж кој, во алкохолизирана состојба, брутално ја нападнал својата сопруга во семејниот дом на улицата „Бутелска“.

Според обвинението, инцидентот се случил на 20 јуни, кога осомничениот влегол во спалната соба каде се наоѓала оштетената, држејќи чадор во рака. Започнал агресивно да ја навредува, по што жената се повлекла кон дневната соба. Обвинетиот ја следел, ја влечел и ја удрил со чадорот по главата, по што таа паднала на под.

Во тој момент, напаѓачот почнал да ја дави сопругата и продолжил да ја удира со чадорот по целото тело. Жртвата, во обид да избега, повредена се влечела до ходникот и успеала да стигне до влезната врата која била отворена, по што излегла и повикала полиција.

Обвинетиот се товари за кривично дело – телесна повреда при вршење семејно насилство, согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител оцени дека и понатаму постојат околности поради кои првично беше определена мерка притвор, и побара продолжување на притворската мерка за обвинетиот.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени