И покрај инвестицијата од над 2.3 милиони евра, трибината на стадионот во Штип и понатаму останува незавршен проект со сериозни недостатоци. Ова денеска го истакна Масер Омерагиќ, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на редовниот брифинг со новинарите.
„Роковите се пробиени, а ние одбивме да го потпишеме примопредавањето. Платени се сите обврски од страна на федерацијата, но состојбата на терен покажува дека трибината е далеку од завршена. Има 'мал милион' недостатоци, а веќе се потрошени многу пари,“ истакна Омерагиќ.
Иако конечниот рок за предавање на проектот е 31 јули 2025 година, претседателот на ФФМ изрази сериозна загриженост дека и тој термин нема да биде испочитуван. Во случај на ново пробивање на роковите, ФФМ најавува конкретни чекори.
„Ќе бидат преземени институционални мерки за неисполнување на договорот. Нема дилеми, ако не се исполнат обврските, ќе реагираме согласно законските можности,“ рече тој.
Проблемите со инфраструктурата не се ограничени само на Штип. Омерагиќ информираше дека слични застои има и во Охрид и Кичево, каде што веќе е ангажиран нов надзорен орган, а се разгледуваат и алтернативни решенија за довршување на проектите.
Проектите за модернизација на фудбалската инфраструктура, кои требаше да донесат подобри услови за клубовите и навивачите, сега се претвораат во пример за нефункционалност и лошо управување со јавни средства. Дали и кога ќе се решат проблемите, останува да се види.
28 мај 2025
• од Вардарски