Сиљановска-Давкова со честитка до американскиот претседател Бајден за Денот на независноста
Претседателката Сиљановска-Давкова со честитка до американскиот претседател Бајден за Денот на независноста. Како стабилен партнер и докажан сојузник во НАТО, остануваме фокусирани на заедничките определби за безбедност, слобода и демократски просперитет со учество во заедничките активности во борбата против заканите врз стабилноста и мирот во Европа и во светот, напиша македонската претседателка.
Сиљановска-Давкова се заблагодари за поддршката од САД во спроведувањето на нашите реформски процеси, нагласувајќи дека крајна цел е унапредување на благосостојбата на македонските граѓани, полноправно членство во ЕУ, а со тоа и подигнување на нашиот статус и зголемување на нашата сила како сојузник во НАТО.