Сиљановска - Давкова се сретна со Камала Харис
Претседателката Сиљановска-Давкова на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, од мировниот самит за Украина што се одржува во близина на швајцарскиот град Луцерн. Се надеваме на натамошно зајакнување на билатералните односи со сад и дека земјава високо ја цени поддршката од нашиот стратешки партнер, напиша на Фејсбук, Сиљановска-Давкова.
Претседателката е дел од учесниците на дводневната мировна конференција во Швајцарија, која е еден од досега најамбициозните обиди да се направи мировен план за ставање крај на војната во Украина. Како што соопштија од нејзиниот кабинет, предвидено е да има и свое обраќање на самитот.