19 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, во синоќешното гостување во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 остро ја критикуваше актуелната власт, оценувајќи дека Македонија е целосно закочена на својот пат кон Европската Унија. Наместо напредок и подобрување на меѓународната позиција на земјата, како што било ветувано, таа предупреди на назадување и сериозни застои во евроинтегративниот процес.
„Она што ние го гледаме во оваа една година е дека нема никакво подобрување на позициите на државата, а тоа е она што актуелната власт го ветуваше пред изборите. Позициите стануваат од ден на ден се полоши, и евроинтегративниот пат, де факто, во моментот е закочен и загрозен“, истакна Шукова.
Таа посочи дека додека европските претставници постојано повторуваат дека вратите на ЕУ остануваат отворени, земји како Албанија и Црна Гора се движат со забрзано темпо напред, додека Македонија заостанува. Според неа, овој застој има и директни финансиски импликации, со оглед на тоа што државата ризикува да изгуби дел од европските грантови и средства за раст.
Шукова алармираше и на стагнацијата во спроведувањето на клучните реформи. Наместо доследна борба против корупцијата и криминалот, таа рече дека сведочиме на селективност и политичка неискреност.
„Имаме реформска агенда, имаме план за раст и точно знаеме што треба да правиме. Но власта тоа не го прави. На овој начин, како што се практицира власта, не гледаме сериозна борба против корупцијата и криминалот, вклучително и случајот со Кочани, каде што темата за селективна правда ја отвораме подолго време“, рече Шукова.
Таа додаде дека под притисок од јавноста и некои политички партии, се проширила истрагата во Кочани со инволвирање на актуелни функционери, но тоа, според неа, не е доволно.
„Со празни флоскули не се тера политика“, заклучи Шукова, повикувајќи на одговорност, транспарентност и вистинска посветеност кон европскиот пат.
Нотарите бараат повисоки тарифи: „Земаме помалку од адвокатите за исти услуги“
Комисијата: Говорот на омраза кон Бугарите на Фејсбук е етничка дискриминација
Георг Георгиев: Случајот против Љупчо Георгиевски е политички мотивиран процес