09 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Партијата на пензионерите остро реагираше на, како што велат, шокантно високите сметки за парно греење доставени од државната компанија ЕСМ за месец мај. Од партијата велат дека ваквите суми се неприфатливи, особено за пензионерите и другите ранливи категории на граѓани со ограничена платежна моќ.
Во својата реакција, тие објавија конкретен пример од стан со површина од 75 квадратни метри во општина Центар, за кој граѓаните добиле сметка во износ од над 6.000 денари – сума која, според нив, е апсурдна за месец надвор од грејната сезона.
„На увид ни се дадени сметки за стан во Центар од 75 квм, во висина од над 6.000 денари. Вакви сметки, веројатно, ЕСМ ќе дистрибуира и во наредните месеци, а со почеток на наредната грејна сезона и уште повисоки,“ наведуваат од партијата.
Тие изразија сомнеж дали воопшто постои свест и одговорност во рамките на ЕСМ за реалната ситуација и условите во кои живеат граѓаните. Дополнително предупредуваат дека ваквата ценовна политика може да резултира со масовно откажување од парното греење и премин кон други, често еколошки понеповолни начини на затоплување – како дрва, јаглен или пелети.
„Се прашуваме дали таквата политика на ЕСМ придонесува за масовно греење на еколошки најдобар начин или, напротив, ќе поттикне барање алтернативни, поевтини но поштетни решенија,“ се вели во реакцијата.
Пензионерската партија апелира до ЕСМ итно да преземе мерки за корекција на сметките и да изнајде начин за заштита на граѓаните од идни енормни финансиски оптоварувања. Тие предупредуваат дека, доколку не се дејствува навреме, можно е да дојде до масовно незадоволство кое ќе се излее и пред институциите на системот.
Во прилог на нивната реакција, тие доставија фотографија од конкретната сметка за месец мај, како доказ за сериозноста на проблемот.