09 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Националната установа Албански театар – Скопје за 2024 година. Кога станува збор за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики, ревизорите дадоа мислење со резерва, лоцирајќи низа системски пропусти во работењето.
Ревизијата на сметката на основниот буџет откри сериозни слабости во финансиското работење и управувањето со средствата на оваа културна институција.
Еден од најсериозните проблеми лоциран во извештајот е начинот на кој театарот менаџира со својот имот. Констатиран е нерегулиран начин на користење на недвижни и движни ствари, како и:
Ревизорите откриле дека раководството на театарот намирувало обврски за проекти од претходни години, иако за нив не биле предвидени средства во тековниот Годишен план за работа.
Дополнително, лоцирани се недостатоци во постапките за набавка, прием и задолжување со материјали и ситен инвентар, како и слабости во евидентирањето на полното работно време на вработените.
Пропусти во системот на внатрешни контроли: Институцијата нема донесено интерни процедури за клучните процеси. Работното место „Раководител на единицата за финансиски прашања“ воопшто не е систематизирано, а не се назначени ниту лица кои би вршеле задолжителна ex-ante (претходна) и ex-post (накнадна) финансиска контрола.
Во делот „Нагласување на прашања“, ДЗР алармира и за организациски проблеми кои влијаат врз легитимитетот на одлуките:
Од Државниот завод за ревизија информираат дека испорачале јасни препораки со цел да се надминат овие состојби и да се подобри работењето на театарот.
Од страна на НУ Албански театар – Скопје веќе е доставен официјален допис до ДЗР, во кој одговорното лице известило дека нема никакви забелешки по однос на Нацрт-извештајот на овластениот државен ревизор, со што практично се прифаќаат сите лоцирани неправилности.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

