TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Сè повеќе македонски студенти избираат студии во Бугарија: пресудни платената пракса, стипендиите и односот на професорите

31 март 2026

• од Станча Јаќимовски

Македонските матуранти се подготвуваат за јунската државна матура, а веќе во јули и август, оние кои планираат да го продолжат образованието, ќе мора да ја донесат својата конечна одлука. За многумина, првиот предизвик е изборот – дали да останат на некој од домашните универзитети, најчесто во Скопје или Штип, или да се обидат да ги преминат границите и да студираат во странство.

Во последните години, сè поизразен е трендот на заминување на студии во соседна Бугарија. Минатата, 2025 година, ниту еден македонски универзитет повторно не се најде на престижната Шангајска листа, што дополнително ги поттикнува дилемите кај младите за квалитетот на домашното образование.

Еден од најчестите избори е Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград, кој се наоѓа на околу 100 километри од повеќе погранични градови како Крива Паланка, Делчево, Берово, Пехчево и Струмица. Близината, но и практичните придобивки, го прават овој универзитет особено атрактивен.

Иако некои студенти не сакаат јавно да зборуваат за својот избор поради стереотипите во помалите средини, нивните искуства се слични: студирањето во Бугарија го доживуваат како поквалитетно, поорганизирано и поисплатливо.

Клучните причини кои ги наведуваат се: европски призната диплома, достапност на професорите, стипендии, можности за платена пракса, студентски размени и подобра поврзаност со пазарот на труд. Дополнително, студентите бесплатно го учат бугарскиот јазик, што ја олеснува интеграцијата.

„Студирањето овде е достоинствено и исплатливо ако си вреден и посветен“, вели студент од Делчево кој е при крај со студиите по информатика. Тој додава дека со години добивал стипендија и работел во САД преку студентски програми, а во иднина планира да се врати во Македонија и да инвестира во ИТ-секторот.

Слично искуство споделува и Андријана Алексовска од Крива Паланка, која дипломирала на насоката Информациски системи и технологии. Таа нагласува дека професорите биле лесно достапни, а наставата силно ориентирана кон практична работа.

„Имавме многу практични задачи – изработка на веб-страници, дизајн, проекти. Професорите нè мотивираа, а администрацијата функционираше брзо и ефикасно“, вели таа.

Особено значајни за студентите се стипендиите, кои се движат од 70 до 100 евра месечно, како и можностите за платена пракса. Преку програмата Еразмус+, студентите имаат можност да стекнат искуство во странство и да воспостават контакти со потенцијални работодавачи.

Младата студентка Ева Николова, која студира филмска и телевизиска режија, вели дека изборот бил комбинација од повеќе фактори: квалитетот на образованието, меѓународната признаеност на дипломите и можностите за личен развој.

„Не постои апсолутно подобра опција – изборот зависи од личните цели. Но, студирањето во странство нуди пошироки перспективи“, истакнува таа.

Професорката Ирена Теодора Весевска од Универзитет Св. Кирил и Методиј оценува дека трендот на студирање во странство е веќе јасно изразен и резултат на подолг процес на информирање.

„Младите денес носат стратешки одлуки. Тие бараат систем што функционира предвидливо, со јасни правила и перспектива по дипломирањето“, вели таа.

Според неа, една од клучните разлики е поврзаноста на универзитетите со пазарот на труд, како и подобрата организација, инфраструктура и дигитална поддршка во странство. Во Македонија, додава, не недостасува квалитетен кадар, туку системска поддршка.

Истражувањето „Млади, миграции, образование“ од 2023 година покажува дека бројот на студенти кои заминуваат во странство е речиси дуплиран, при што околу 21% од матурантите од неколку региони избираат студии надвор од земјата. Бугарија и Словенија се меѓу најатрактивните дестинации.

Од Министерство за образование и наука велат дека немаат прецизни податоци за бројот на студенти во странство, но нагласуваат дека работат на реформи – нов Закон за високо образование, подобрување на студентскиот стандард и реконструкција на студентските домови.

Сепак, професорката Весевска предупредува дека без суштински, а не козметички реформи, тешко дека ќе се запре одливот на студенти.

„Студентите мора да имаат чувство дека образованието води кон конкретни можности. Кога таа врска е нејасна, логично е да бараат подобри системи“, заклучува таа.

Токму оваа комбинација – практична ориентација, финансиска поддршка и јасна перспектива – ја прави Бугарија сè попривлечна дестинација за македонските студенти.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

Тројца обвинети полицајци се изјаснија за невини за „Пулс“

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

СДСМ: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

39 полицајци со пропусти во постапувањето: системски неуспех во случајот со Стојанче Јовановски и трагедијата со Ивана

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

Обвинителството ќе ги проверува полицајците кои постапувале по пријавите од Ивана кога Стојанче ја тепал

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

Зголемени плати за полицајците: Од следниот месец +2470 денари повеќе

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

Над 16 илјади корисници не плаќаат вода во Тетово, илјадници диви приклучоци

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

Бауш: Или ќе го изградиме Коридорот 8 и ќе одиме напред, или ќе останеме заложници на минатото

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

Крвав инцидент во Прилепскиот затвор: Осуденик нападнал цимер со остар предмет

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

Жителите на Ново Лисиче најавуваат протести од 1 април поради зонското паркирање

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

Нов бран поскапувања: Лебот повторно со повисока цена во дел од пекарниците

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СПОРТ
31 март 2026

Македонија во Даблин без Елмас, Барди и Миовски

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

Бујар Османи: Околу 250 илјади граѓани имаат бугарски пасоши и индивидуално уживаат во правата на ЕУ

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

МПЦ-ОА се оградува од „Христијанско братство“: Убиството е грев и секој одговара пред граѓанскиот и Божјиот суд

СВЕТ
31 март 2026

Во Софија: Аустротерм инвестира 1,5 милиони евра во проширување

СВЕТ
31 март 2026

Гигантски завод во Бугарија носи 20 милиони евра и 400 нови работни места

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СПОРТ
31 март 2026

Тажна вест за бугарскиот фудбал: почина легендата Борислав „Боби“ Михајлов

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

Касами: Уставните измени зависат од ВМРО-ДПМНЕ, евроинтеграциите се двонасочен процес

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

Села апелира до меѓународната заедница и НАТО: Да не се дозволи девијација на „Коридорот 8“

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

Ајдари: Коридорот 8 се блокира поради поврзувањето на Албанците

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

Снимен брутален инцидент во Аеродром: Возач со џип удри во човек на тротинет и потоа го нападна

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
31 март 2026

Бугарија и Украина потпишаа 10-годишен договор за одбранбена соработка

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

Ајдари: Документите денес пристигнуваат само на македонски, за време на Џафери беа двојазични

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

Села: Владата го оттурнува Коридорот 8 кон линијата Србија–Грција

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

Студентите Албанци излегуваат на улица: Бараат испит по правосудство на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
31 март 2026

СДСМ: Мицкоски во Будимпешта преговарал за враќање на Груевски пред падот на Орбан

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
ДРУГО
31 март 2026

Денеска 31 март 2026 година се празнува Свети Кирил, архиепископ Јерусалимски

МАКЕДОНИЈА
30 март 2026

Пет лица приведени во Скопје за поседување марихуана

МАКЕДОНИЈА
30 март 2026

Маж од Куманово ја претепал сопругата – полицијата поднесе пријава

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега