Се огласи и таткото на Даку: Мојот син е добро момче, не заслужува суспензија од ЕП
Албанскиот репрезентативец со потекло од Косово, Мирлинд Даку по ремито против Хрватска (2-2) зеде мегафон и ги навредуваше Србите и Македонците, за што мораше да се извини. Откако сфати дека направи голема глупост Даку преку социјалните мрежи се покаја, а на оваа тема која што е водечка на овие простори, проговори и неговиот татко.
„Како што пишуваат медиумите, мојот син не кажал такви работи. Мирлинд е едноставно емотивна и експлозивна личност. Тој го направи тоа ненамерно и веќе им се извини на оние што ги повреди, но мислам дека нема да се збогува со турнирот. 100% е погрешно да се повикува на убивање Срби! Мојот син дефинитивно ќе сфати дека направил голема грешка. Знаете каква поддршка има Мирлинд во Хрватска, Словенија и сега во Русија. На сите им е познато неговото однесување како фудбалер. Момчето е многу добро, но ова е негово прво ЕП во кариерата и сето тоа се емоции. Мислам дека не заслужува суспензија од турнирот“, изјави Фехми Даку во интервју за руски „Спорт24“.
УЕФА веќе покрена постапка против албанскиот репрезентативец и наскоро треба да ја соопшти одлуката.