МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за дивоградбите на Меџити и Ганиу?

29 мај 2025

• од Вардарски

СДСМ остро реагира на заглушувачкото молчење на ВМРО-ДПМНЕ во врска со најновите скандали поврзани со нивните коалициски партнери, Исни Меџити и Висар Ганиу. Наместо да демонстрира доследност и принципиелност во борбата против урбанистичкиот хаос и криминалот, ВМРО-ДПМНЕ со денови избегнува да се огласи за сериозните обвинувања кои упатуваат на постоење на преку 150 дивоградби на територија на Општина Чаир.

Јавноста со право прашува: зошто Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ досега не го ангажирала Државниот градежен инспекторат да постапи согласно законските надлежности? Дали мора да се случи трагедија во некој од овие нелегални и потенцијално небезбедни објекти за институциите конечно да реагираат?

СДСМ бара итна и транспарентна истрага за сите наводи, особено оние изнесени од градоначалничката Данела Арсовска – кадар поддржан токму од ВМРО-ДПМНЕ. Доколку постои вистинска волја за неселективна правда, тогаш секој објект без дозвола мора да биде третиран еднакво, без разлика кој стои зад него.

Додека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и министерот Тошковски, јавно говорат за неселективна правда и борба против криминалот, истите упорно молчат пред очигледниот урбанистички криминал во Чаир, предводен од нивните партнери. Се поставува прашањето: дали ова молчење е резултат на политички пазар или можеби на учество во истата шема?

СДСМ повикува сите надлежни институции – инспекциски, правосудни и безбедносни – веднаш да постапат и да ги истражат наводите. Законот мора да важи за сите подеднакво, без разлика на политичката припадност или коалициските договори. Граѓаните заслужуваат одговорна власт, а не заштита на урбанистички криминал.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени