16 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ денеска излезе со остро соопштение во врска со трагедијата што неодамна се случи во Кочани, обвинувајќи ја актуелната раководна структура на Министерството за внатрешни работи (МВР) за прикривање на вистината и избегнување на одговорноста.
Партијата го обвинува министерот Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, дека направиле обид да ги заштитат своите кадри од одговорност, додека јавноста бараше вистина и правда. СДСМ тврди дека речиси четири месеци Тошковски, заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обидувале да ја сокријат вистината за настаните кои доведоа до пожарот.
„Наместо да се бара одговорност од полициските службеници и началници, кои биле именувани од актуелната власт, тие беа заштитени по секоја цена“, стои во соопштението на СДСМ. Според нив, целта била јасна – да се избегне одговорност на највисоките нивоа во полицијата.
Со притисок од јавноста и од опозициската партија, конечно беа отворени постапки против неколку полициски началници. Меѓутоа, СДСМ смета дека тоа не е доволно. Според информациите што излегоа во јавноста, полицијата не само што не ја исполнила обврската да го затвори објектот кој работел нелегално, туку и не спречила внес на пиротехнички средства, за кои постои сомневање дека предизвикале пожарот.
СДСМ е категоричен: одговорноста е на врвот на МВР. Партијата бара Александар Јанев да одговара кривично, а министерот Тошковски да поднесе оставка поради политичка и морална одговорност.
„И двајцата мора веднаш да се повлечат, за да не ја попречуваат истрагата и да не вршат влијание“, повикува СДСМ, нагласувајќи дека без одговорност за раководството на МВР нема да има вистинска правда за жртвите и нивните семејства.
Партијата најави дека ќе продолжи да инсистира на целосна одговорност и транспарентност во случајот Кочани, и ги повика Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, како и Јавното обвинителство, да постапуваат непристрасно и решително – без селективна правда и заштита на било кој функционер.