12 јуни 2025
• од Гоце Кически
Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, денеска на прес-конференција упати остри критики кон власта и Министерството за внатрешни работи, обвинувајќи ги за прикривање на одговорните за трагедијата во Кочани во која загинаа 62 млади лица.
„Во Кочани изгореа 62 млади животи. Изгореа во дискотека што работела незаконски, под носот на институциите, објект кој одамна требало да биде затворен. Изгореа зад заклучени врати, по наредба на актуелни службеници во МВР“, истакна Талески.
Тој обвини дека, и по три месеци од трагедијата, државата не обезбедила одговорност ниту вината ја насочила кон оние кои, според него, имале моќ да ја спречат катастрофата.
„Началници, инспектори, министри – сите оние кои требало да спречат, денеска се заштитени. Истрагата се затвора без ниту еден обвинет актуелен функционер,“ рече Талески, додавајќи дека клучниот доказ – наредбата за заклучување на вратата од дискотеката – сè уште е мистерија, без потпис, без одговорност.
Меѓу посочените лица се најдоа и Дејан Салтировски, началникот на СВР Штип, кој, според СДСМ, добил политичка заштита од министерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и службениците Драган Петрушев Казак, Кристина Јованова и Томо Донев.
„Фирмата ММММ ДООЕЛ работела нелегално, со блокирана сметка, без дозвола за пиротехника, и не само што не била спречена – туку постојат сериозни индиции дека била политички заштитена“, потенцира Талески, сугерирајќи поврзаност со владејачката партија.
СДСМ случајот го нарекува „системско злосторство“ и најавува дека нема да престане да бара правда за жртвите и нивните семејства.
„Кога државата не ги штити децата, туку ги штити оние што ги загрозиле, тоа веќе не е држава – тоа е режим. Ова е масовно убиство со државен потпис и за тоа ќе има одговорност“, заклучи Талески.
СДСМ најавува дека ќе ја обелодени вистината за трагедијата во Кочани – секој ден, секој детал – сè додека, како што велат, „не паднат маските и не се појават сите имиња“.